После 27 години, за прв пат Кратово доби градоначалник кој не е од Социјалистичка партија предводена од Љубисав Иванов -Ѕинго.
На шестите по ред локални избори организирани во независна Република Македонија, во прв круг победи д-р Љупчо Бојаџиев, кандидат на колицијата предводена од СДСМ.
Љупчо Бојаџиев доби 3.384 , а Мите Андоновски, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која е и Социјалистичката партија на Ѕинго – 2.274 гласови.
Во Кратово секогаш на локалните избори победуваше кандидатот на Сцијалистичката партија, но, со различни коалиции.
- 1996 победи Милан Стојанов-Социјалистичка партија (СП)
- 2000 – Стојан Миланов, кандидат од коалицијата СДСМ-СП – Тогаш Миланов го победи сегашниот победник на изборите Љупчо Бојаџиев, кој беше кандидат на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива (ДА).
- 2005 – Мите Андоновски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ-СП
- 2009 – Мите Андоновски- Коалиција ВМРО-ДПМНЕ-СП
- 2013 – Мите Андоновски -Коалиција ВМРО-ДПМНЕ-СП
- 2017 – Љупчо Бојаџиев – Независен кандидат со поддршка на коалицијата предводена од СДСМ
Г. ТРПЕНОСКИ