ЈАСНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ВО СКОПЈЕ, ШИЛЕГОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА

    ЈАСНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ВО СКОПЈЕ, ШИЛЕГОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДАПетре Шилегов на синоќешната прес-конференција во седиштето на СДСМ. (Фото: МИА)

    Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје Петре Шилегов прогласи победа во првиот круг од локалните избори.

    „Новото Скопје повторно се раѓа, а Македонија ги заокружи промените и тргна напред. Резултатите се јасни, во Скопје имаме победа во првиот круг,“ изјави Шилегов на денешната прес-конференција.

    Тој најави дека новата градска администрација што ќе ја предводи ќе биде сервис на граѓаните и им се заблагодари на сите граѓани на Скопје, на сите политички партии кои учествуваат во изборите, како и на сите институции што овозможија слободни и демократски избори.

    Шилегов вели дека сѐ уште нема добиено честитка од досегашниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и дека очекува во текот на денешниот ден да му се јави и да го признае поразот.

    Според досега пребројаните гласови од Државната изборна комисија, а тоа се 97,81%, Шилегов има 50,28%, а неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски има 36,08%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира