Битолскиот градоначалник Владимир Талески по неколкудневно отсуство конечно се појави во јавноста. Го немаше додека траеше паниката околу притворите и сослушувањата на негови соработници и други битолчани за случајот „Транспортер“.
Денес ги повика новинарите и се пофали дека ќе гради ново игралиште за мал фудбал, одбојка и ракомет во битолското село Логоварди. При тоа ги обвини демонстрантите дека ја гаѓале општинската зграда, како што рече, ни крива ни должна со прегреано масло.
„Во Битола имаше протести од ТАТ. Тоа беа маса од народ, на кои од џеб им беа земени пари. Не беше ни прозорец скршен. Овој револт што се врши сега врз општината кулминираше пред ден-два кога на фасадата беше фрлено прегреано масло од автомобили, кое тешко се вади. Таква злоба до сега не сум видел и не знам заради што е“, рече Талески.
Протестите пред општина Битола се организираат секојдневно откако претседателот Иванов го аболицираше градоначалникот на Битола кој Специјалното обвинителство го сомничи за злоупотреба во организирањето на школскиот превоз. Демонстрантите бараат повлекување на аболицијата и оставка од Талески