УАПСЕНИ СЕ СИТЕ ТРИ ЛИЦА ОД НАПАЃАЧИТЕ НА 27 АПРИЛ ЗА КОИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПОМОШ ОД ГРАЃАНИТЕ

    УАПСЕНИ СЕ СИТЕ ТРИ ЛИЦА ОД НАПАЃАЧИТЕ НА 27 АПРИЛ ЗА КОИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПОМОШ ОД ГРАЃАНИТЕФотографии од трите лица по кои трагаше МВР на барање на Основното јавно обвинителство. Овој повик уследува дури шест месеци од настаните, а се поклопи со завршувањето на првиот круг од локалните избори, на кои што победи владејачката СДСМ (Фото: МВР)

    Уапсени се сите три лица за кои МВР утринава објави слики на барање на Скопското обвинителство што ја води истрагата за насилството во Собранието на 27 април годинава, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во истрагата.

    Во МВР потврдуваат дека вечерва во скопската населба Хром е приведено едно лице кое граѓаните го препознале од фотографиите. За повеќе информации упатуваат на Основното обвинителство по чиј налог ги објавија сликите за препознавање.

    Денеска Скопското јавно обвинителство преку сајтот на МВР ги повика сите граѓани кои имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да известат во најблиската полициска станица, да пријават на телефонскиот број 192, да ја употребат апликацијата ‘Пријави сомнително лице’, на официјалниот сајт на МВР или да пријават во Јавно обвинителство.

    Овој повик уследува дури шест месеци од настаните, а се поклопи со завршувањето на првиот круг од локалните избори, на кои што победи владејачката СДСМ. Претходно, Обвинителството немаше вакво барање до граѓаните, иако поминаа речиси шест месеци од насилствата на 27 април, а на видеата од Собранието практично се снимени речиси во целост и беа пуштени во медиумите, сосе учесниците.

    Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е проширена истрагата за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на нападот во Собранието на 27 април и по барање на надлежен јавен обвинител петмина осомничени се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот ќе бидат преземани дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица, додаваат од ОЈО.​

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира