КАТАЛОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕМА ДА ГИ СЛЕДАТ НАРЕДБИТЕ ОД МАДРИД

    КАТАЛОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕМА ДА ГИ СЛЕДАТ НАРЕДБИТЕ ОД МАДРИДБарселона го обвини Мадрид дека дејствува спротивно на волјата на Каталонците (Фото: Си-Ен-Ен)

    Каталонските власти нема да ги следат наредбите на шпанската влада, доколку Мадрид се одлучи да ја преземе контролата врз регионот.

    Ова го изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Раул Ромева, додавајќи дека Мадрид дејствува спротивно на волјата на Каталонците.

    Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги објави плановите за распуштање на регионалната власт, што предвидува и укинување на некои од надлежностите на парламентот во Барселона. Се очекува шпанскиот Сенат да ги одобри овие мерки в петок и, истовремено, да распише нови локални избори во Каталонија.

    Каталонскиот парламент треба да се состане в четврток, кога ќе одлучи каков ќе биде неговиот одговор кон Мадрид.

    Во саботата, Рахој изјави дека, за првпат во историјата, го активира членот 155 од уставот, што му овозможува на Мадрид да реагира во кој било автономен регион во Шпанија.

    „Како ќе преживее демократијата на Европската Унија ако ова се случи? Можам да ви кажам дека народот и институциите на Каталонија нема да го дозволат тоа“, изјави Ромева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира