БЕВМЕ ВО ПРАВО ШТО НЕ ГО ПОДДРЖАВМЕ ИВАНОВ, ПОВТОРНО ЌЕ ГО ОТВОРАМ ПРАШАЊЕТО ЗА КОНСЕНСУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ, ВЕЛИ АХМЕТИ

    БЕВМЕ ВО ПРАВО ШТО НЕ ГО ПОДДРЖАВМЕ ИВАНОВ, ПОВТОРНО ЌЕ ГО ОТВОРАМ ПРАШАЊЕТО ЗА КОНСЕНСУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ, ВЕЛИ АХМЕТИЛидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со новинарите рече дека е многу разочаран и вознемирен што Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците го обвинил дека тој е нарачател на обидот за убиство на Села на 27 април во Собранието (Фото.СДК:МК)

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети на следните претседателски избори кои треба да се одржат во 2019 година пак ќе побара претседателот на држава да се бира консензуално.

    „До сега немаме разговарано со нашиот коалиционен партнер СДСМ за претседател на држава да се бира консенсуално. Но, секако ќе побарам да разговараме за ова прашање. На Македонија и е потребен консензуален претседател, што го покажа и примерот со актуелниот Ѓорге Иванов. Бевме сосема во право што не го поддржавме  Иванов“, рече  Лидерот на ДУИ Ахмети на денешната средба со новинарите.

    Лидерот на ДУИ Ахмети рече дека е многу разочаран и вознемирен што Зијадин Села, лидер на Алијансата за Албанците го обвинил дека тој е нарачател на обидот за убиство на Села на 27 април во Собранието.

    „Многу сум разочаран поради погрешната страна што ја зазеде Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап. Села не е подготвен за големи процеси. Уште повеќе сум вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа да го елиминираме и политички“, рече Ахмети.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира