Количината на стакленички гасови во атмосферата се зголеми со најбрза стапка што досега е регистрирана, објави денес Светската метеоролшка организација (ВМО).
Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата пораснала на 403,3 партикули на милион, од 400 партикули на милион во 2016 година. Ова ниво последен пат е забележано пред 3 до 5 милиони години, кога температурата на Земјата била за три степени повисока, а нивото на морето за 20 метри повисоко од она денес, кажа ВМО во Женева, посочувајќи на геолошките податоци.
„Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата, се зголеми со рекордна брзина во 2016 година“, се вели во извештајот.
„Без брзо намалување на емисиите на јаглерод диоксид и останатите стакленички гасови, оваа опасна температура ќе се надмине до крајот на векот, многу над целта утврдена со договорот за климатски промени од Париз“, рече Петeри Талас, генерален секретар ВМО.
Освен емисиите предизвикани од човекот, најголемата причина за ова зголемување беше временскиот феномен „Ел Нињо“, што предизвика суши и ја намали способноста на растенијата да го апсорбираат јаглерод диоксидот.