Најмалку девет распарчени човечки тела се пронајдени во стан Јапонија, по што 27 годишниот осомничен беше приведен, соопшти локалната полиција.
Осомничениот Такахиро Шираиши потврди дека телата ги сечел во тоалетот на неговата соба во градот Зама, 40 километри оддалечен од Токио. Полицијата ги пронајде телата на осум жени и еден маж во контејнери за замрзнување во понеделник наутро, за време на истрагата околу сомненијата за можната вклученост на Шираиши во исчезнувањето на една млада жена.
Жената која била од Хачиоји, исто така во зоната на Токио, разменувала пораки со Шираиши на Твитер по нејзината објава дека сака да се самоубие, со зборовите „барам некој кој ќе се самоубие со мене“.
Безбедносните камери покажуваат како жената и Шираиши поминуваат заедно близу до неговиот дом на 23 октомври.
Неколку жители на истата зграда изјавија за локалните медиуми дека осетиле одвратна миризба која доаѓала од станот во август.