Премиерот Зоран Заев кажа дека бизнис-заедницата треба да го искористи вистинскиот момент за што поголема интеграција на регионот, затоа што успехот на бизнисмените ќе значи и благосостојба за граѓаните во обраќањето на на конференцијата „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, која по шести пат се одржува во Будва, Црна Гора.
Тој рече и дека владите мора да бидат јавен сервис на граѓаните и на бизнис-заедницата и дека деловниот менталитет мора да претрпи промени, да се работи на дигитализација на економијата и на проблемот со обезбедување квалификувана работна сила.
На конференцијата во организација на Стопанската комора на Црна Гора присуствуваше и македонска бизнис-делегација предводена од Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, а беа и Минчо Јорданов од „Макстил “, Страшо Милковски од „Гранит“, Живко Мукаетов од „Алкалоид“, кои воедно се и потпретседатели на комората.
На маргините на Конференцијата, учесниците реализираа меѓусебни средби, со цел воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на постојната соработка