ЗАСТРЕЛАНИОТ ВО АЕРОДРОМ БИЛ ДОНЕСЕН МРТОВ ВО БОЛНИЦА, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ЗАСТРЕЛАНИОТ ВО АЕРОДРОМ БИЛ ДОНЕСЕН МРТОВ ВО БОЛНИЦА, СООПШТИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОЗастреланиот бил донесен во болница без знаци на живот - Градската болница во Скопје

    Едно лице е застрелано попладнево во кафулето „Гет кафе“ во општина Аеродром, а Министерството за здравство соопшти дека застреланиот бил донесен во болница мртов.

    „Во врска со лекарскиот третман на застреланото  лице во Аеродром информираме дека лицето било донесено во болницата Св Наум Охридски без знаци на живот. И покрај тоа , докторите се обидувале да го реанимираат лицето 40 минути но безуспешно“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

    Од МВР соопштија дека околу 17.40 часот имало вооружен инцидент во кафуле на улицата Владимир Комаров. Напаѓачот кој се уште е непознат за полицијата бил облечен во сив дуксер: Тој со огнено оружје пукал во Мартин Јанушев, кој веднаш потоа бил однесен во Градската општа болница во Скопје.

    МИА објави дека очевидци изјавиле дека со 4-5 куршуми е пукано во главата и вратот на лицето Јанушев.

    Не е познат мотивот за пукањето.  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира