Даночното одделение и архивата во Град Скопје од наредната недела ќе работат во две смени, најави градоначалникот Петре Шилегов.
Шалтерите на бараката 16 ќе бидат отворени од понеделник до петок од 7.30 до 19.30 часот. Администрацијата ќе има пауза од половина час односно во прва смена од 11.30 до 12 часот, а во втора смена од 14.30 до 15 часот.
„Во барака 16, скопјани имаат најмногу потреба од услугите на Градот. За да можат навремено и побрзо да ја завршат работата воведуваме двосменско работење, кое беше и едно од ветувањата во мојата кампања“, рече Шилегов.
Тој најави дека во наредниот период Градот ќе се работи на воведување едношалтерски систем, со цел транспарентност на градската администрација и олеснување на потребите на граѓаните.
А. АНТЕВСКА