ВРАБОТЕНА ВО АРМ ТВРДИ ДЕКА Е ПРЕКОМАНДУВАНА ПОРАДИ УЧЕСТВО ВО ПРОТЕСТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРАБОТЕНА ВО АРМ ТВРДИ ДЕКА Е ПРЕКОМАНДУВАНА ПОРАДИ УЧЕСТВО ВО ПРОТЕСТИТЕ

    Вработена во Армијата на Република Македонија тврди дека поради учеството во протестите на „Шарена Револуција“ била прераспределена на друга работна позиција, во друг град, односно од Скопје во Кичево.

    Јасмина Дуриќ, која во АРМ била вработена во 2003 година, вчера вечер на својот Фејбук портал напиша дека без најава била прекомандувана во магацин за храна во Кичево, иако нејзините квалификации се социјален работник – психотерапевт.

    Дуриќ учествувала на протестите на Шарената револуција и објавувала слики од тие протести. На една од сликите стои до делегацијата на Сојузот на борци.

    Од Министерството за одбрана нема коментар зошто Дуриќ која живее во Скопје била прекомандувана во Кичево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира