ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, место што ѝ следува како опозиција според собранискиот деловник. Илија Димовски, еден од координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека нема да дадат предлог затоа што се против Собранието да има петмина потпретседатели.
„ВМРО-ДПМНЕ е против Собранието да има пет потпретседатели на Собранието. Нема да го поддржиме овој предлог и нема да дадеме наш предлог. Ние цело време зборуваме дека Собранието не функционира како треба. Вчерашниот настан, кога владејачкото мнозинство не ги изгласа препораките за подобрување на човековите права, е потврда за тоа. Имаше пратеници од власта доволно, но смешно е што не гласаа“, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска пред новинарите.
Г. ТРПЕНОСКИ