Државните институции да ги имплементираат препораките на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, му препорача амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли на премиерот Зоран Заев на денешната средба, соопштија од Владата.
Амбасадорот Бејли на денешната средба со премиерот Заев во Владата му честитал за успешно завршениот изборен процеси и потенцирал дека сега е добро време и дека се создадени околности владата да се фокусира поинтензивно на најавените и започнатите реформски процеси, особено во делот на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција на национално и на локално ниво.
Премиерот Заев потенцирал дека инсистира на чесно, одговорно и отчетно спроведување на политиките на централната и на локалната власт, и дека за сите отстапувања од овие принципи ќе следуваат реакции на институциите кои треба да го спроведуваат законот еднакво за сите.