Нема повредени студентите во пожарот што изби во Градежниот факултет во Скопје. Пожарот е изгаснат и има само матeријална штета. Командирот на Противпожарната бригада Ѕвонко Томевски вели дека студентите кои утрово дошле на прадавања на факултетот навремено биле евакуирани.
„Пожарот изби на вториот кат на факултетот во 9.10 часот. Веднаш по пријавата на терен дојдовме со 12 возила и 24 пожарникари. Нема повредени, но има материјална штета. Уништен е вториот кат и покривот на факултетот“, вели Томевски.
Тој додава дека за причините за пожарот одговор треба да даде Министерството за внатрешни работи, откако ќе изврши увид на терен.
А. АНТЕВСКА