ИЛИ ЌЕ СЕ ФОКУСИРАМЕ, ИЛИ ЦРТЕЖИ, РЕЧЕ ЏАФЕРИ ЗА ГАФОТ НА СДСМ И ДУИ СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    ИЛИ ЌЕ СЕ ФОКУСИРАМЕ, ИЛИ ЦРТЕЖИ, РЕЧЕ ЏАФЕРИ ЗА ГАФОТ НА СДСМ И ДУИ СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛНа денешниот неформален брифинг со новинарите, претседателот на Собранието Талат Џафери се појави со нов имиџ и стилизирана фризура за која што доби комплименти од собраниските известувачки. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери го пофали однесувањето на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во однос на присуството за кворум на седиците, сега откако завршија локалните избори.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали ќе го пофали и однесувањето на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ по гафот со неизгласувањето од прва на Извештајот на Народниот правобранител Иџет Мемети, за кое тие се вадеа дека биле во салата, ама не биле фокусирани, Џафери се насмевна и рече:

    „Не сум тука јас да го ценам таквото однесување и да ги фалам пратениците од мнозинството.

    А на потпрашање дали ќе им црта и ним како што им црташе на опозициските пратеници, ако продолжат така да се однесуваат и во иднина, Џафери кажа: „Ќе се фокусираме, ако не, цртежи”.

    Џафери забележал дека поминало времето кога пратениците може да се концентрираат само на партиските одлуки и да не ги интересираат интересите на граѓаните кои ги избраа, зашто, рече, гласачите на локалните избори покажаа што очекуваат и што бараат од пратениците и оти не го ценат таквото однесување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира