Опремата за прислушување од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) ќе биде преместена на посебна локација со цел поголема транспарентност и професионалност во работата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Имаме неколку предлози кои ги разгледавме како опции. Идејата е опремата да биде преместена од МВР. Најдобро решение решение е да биде сместена во посебен оперативен центар, кој ќе биде задолжен за следење на комуникациите. Ова решение ќе биде разгледано од стручни лица и детално обработено на кој начин ќе ја реализираме оваа операција“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.
Министерот Спасовски најави дека се подготвува нов закон за следење на комуникациите и други закони со кои ќе се спроведе реформа во безбедносните структури.