Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес постави нови директори на јавните претпријатија ЈСП „Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“.
На ЈСП „Скопје“ нов директор е Кристијан Чушков, на ЈП„Водовод и канализација“ Душко Весковски, а на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ.
Новите директори за САКАМДАКАЖАМ.МК рекоа дека ќе направат комплетна ревизија на работата на претпријатијата бидејќи имаат информации дека имаат превработеност.
„Прво треба да видиме во каква финансиска состојба се претпријатијата и колку луѓе се вработените во изминатиов период“, рече новиот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.
Ова е прва промена на директорските места во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје. Во наредниот период ќе има промени и во останатите јавни претпријатија и културни институции.
А. АНТЕВСКА