ГЛУМЕВ МРТВА И ЧЕКАВ УДАРИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ, МЕРИЛ СТРИП РАСКАЖА ЗА НАСИЛСТВОТО ШТО ГО ПРЕЖИВЕАЛА

    ГЛУМЕВ МРТВА И ЧЕКАВ УДАРИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ, МЕРИЛ СТРИП РАСКАЖА ЗА НАСИЛСТВОТО ШТО ГО ПРЕЖИВЕАЛАСтрип кажа дека во вториот инцидент, во кој таа и Шер биле сведоци на злоставување на друго лице, комплетно полудела и дека го бркала човекот. (Фото:АП)

    Мерил Стрип вели дека двата случаи во нејзиниот живот кога се справила со насилство, биле толку длабоки што ја промениле на „клеточно ниво“.

    Овие коментари Мерил ги кажа за време на доделувањето на 27-те Меѓународни награди за слобода на новинарство, кое  што се оддржа во Њујорк. Оскаровката ѝ кажа на публиката дека „знае нешто за вистинскиот терор“.

    Таа раскажа за два инциденти. Во еден, во кој била нападната, глумела дека е мртва и чекала ударите да престанат.

    Таа потоа опиша друг инцидент, кога некој друг бил злоставуван. Стрип рече дека во тој случај комплетно полудела и го бркала човекот. Ова го кажа откако рече дека овие искуства комплетно ја промениле.

    Стрип не даде повеќе детали, освен дека Шер била сведок на вториот инцидент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира