НАЈБОГАТАТА НОРВЕЖАНКА КАЗНЕТА СО 30.400 ДОЛАРИ ЗАШТО ВОЗЕЛА ПИЈАНА

    НАЈБОГАТАТА НОРВЕЖАНКА КАЗНЕТА СО 30.400 ДОЛАРИ ЗАШТО ВОЗЕЛА ПИЈАНАКатарина Андерсен (во средина) поседува 42% од акциите во семејната компанија, што ги добила од татко ѝ уште пред 10 години

    Дваесет и двегодишна норвешка студентка доби казна од 30.400 долари за возење во пијана состојба, но сѐ уште може да смета дека добро поминала.

    Катарина Андерсен се води како најбогата жена во Норвешка, чие богатство магазинот „Форбс“ го проценува на 1,23 милијарди долари.

    Казните за возење под дејство на алкохол во Норвешка се пресметуваат според приходите.

    Ако се земе ова предвид, весникот „Финансависен“ пишува дека судот во Осло требало да ја казни Андерсен со 4,9 милиони долари, но тоа не се случило, затоа што „таа нема фиксен приход“. Судот, сепак, ѝ изрекол повисока казна поради нејзиното проценето богатство.

    На Андерсен, исто така, ѝ е одземена возачката дозвола на 13 месеци.

    Таа поседува 42% од акциите во семејниот инвестициски бизнис, што ги доби од татко ѝ уште во 2007 година, со што „Форбс“ ја прогласи за вториот најмлад милијардер на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира