МУГАБЕ ОДБИ ДА ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА

    МУГАБЕ ОДБИ ДА ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТАСака да остане претседател уште неколку недели. - Роберт Мугабе на денешната средба со воени генерали (Фото: АП)

    Роберт Мугабе одби да ја предаде власта и изјави дека е подготвен да остане претседател на Зимбабве уште неколку недели, како што се засилува притисокот врз него да отстапи.

    Во своето прво телевизиско обраќање откако војската го стави во домашен притвор, 93-годишниот Мугабе изјави дека би сакал да раководи со конгресот на владејачката партија Зану-ПФ, што ќе се одржи во декември.

    Партијата претходно го тргна од функцијата претседател и му даде рок од 24 часа да поднесе оставка или против него ќе се поведе постапка за импичмент. На чело на партијата тој ќе биде заменет со Емерсон Мнангагва, чија смена од страна на Мугабе и доведе до низа драматични настани во државата.

    „Мугабе е исфрлен од партијата. Нашиот нов лидер е Мнангагва“, изјави еден висок претставник на Зану-ПФ.

    Лидерот на воените ветерани, Крис Муцвангва изјави дека ова сигурно значи дека в понеделник ќе се покрене постапката за отповикување на Мугабе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира