„Се чувствувам виновен и од оваа временска дистанца длабоко се каам”, рече пред Основниот суд Скопје 1 обвинетиот Томислав Лазаров, поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, преку кого одела организацијата на насилствата во Општина Центар на први и на шести јуни 2013 година.
Еден од адвокатите стана и кажа Лазаров дека цело време се допишувал со некого, откако ја призна вината.
Претходно, првообвинетиот Никола Груевски се изјасни за невин, исто како и Миле Јанакиески, за кои специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, образложувајќи го обвинителниот предлог, кажа како во 4-минутен разговор ги договориле тие насилства.
Даниела Рангелова, тогашна советничка во Центар на ВМРО-ДПМНЕ, обвинета за истото како Томислав Лазаров, рече дека е невина.
С. К. ДЕЛЕВСКА