БОМБИТЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗИ И ПРОТИВ МИЈАЛКОВ И ТАЧИ ВО „ТИТАНИК 2“, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈА

    БОМБИТЕ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗИ И ПРОТИВ МИЈАЛКОВ И ТАЧИ ВО „ТИТАНИК 2“, ПОТВРДИ АПЕЛАЦИЈАВо „Титаник 2“, на ексдиректорот на УБК ќе му се суди за кривичноот дело Примање награда за противзаконито влијание. - Сашо Мијалков во Апелцискиот суд (Фото: СДК.МК)

    Апелацискиот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори да можат да се користат како докази во судската постапка за предметот „Титаник 2“ на СЈО, објави државната агенција МИА.

    Станува збор за две снимки, од кои што едната беше објавена пред две години од тогашната опозиција и беше разговор меѓу ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој што тие се договараат за гласање во однос на поднесени приговори за изборите во ДИК за време на локалните избори во 2013 година.

    Во „Титаник 2“ обвинети се Мијалков, Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и пет судии во Управниот суд. Мијалков е обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите се товарат за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

    Претходно, Основниот суд Скопје 1 реши да ги издвои „бомбите“ од доказниот материјал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира