БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛЕР РОБИЊО ОСУДЕН НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД

    БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛЕР РОБИЊО ОСУДЕН НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАДРобињо е прогласен за виновен за инцидент што се случил во дискотека во Милано во 2013 година (Фото: Гети)

    Судот во Милано го осуди поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо на девет години затвор за сексуален напад.

    Инцидентот за кој Робињо е прогласен за виновен се случил во дискотека во Милано во 2013 година, кога тој со уште петмина други нападнал една 22-годишна девојка. Тој тогаш настапуваше за Милан.

    Робињо (33), кој моментално настапува за бразилскиот клуб Атлетико Минеиро, негираше вмешаност во нападот и тој сега има право на жалба, објави италијанската новинска агенција АНСА.

    Робињо за сличен инцидент беше уапсен и во Лидс во јануари 2009 година, но по полициска истрага, против него не беше покренато обвинение.

    Робињо помина три години во дресот на Реал Мадрид, по што во 2008 година премина во Манчестер сити за 32,5 милиони фунти, што тогаш беше најскап трансфер во историјата на британскиот фудбал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира