ГЕРМАНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВЛАДА ДУРИ ПО НОВА ГОДИНА

    ГЕРМАНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВЛАДА ДУРИ ПО НОВА ГОДИНАИ покрај дебаклот на изборите, повторно можат да влезат во влада. - Мартин Шулц со Ангела Меркел (Фото: ЕПА)

    Разговорите за формирање на владејачка коалиција во Германија помеѓу конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите (СДП), најверојатно, ќе почнат во новата година, изјави потпретседателката на ЦДУ, Јулија Клекнер.

    СДП неодамна ја смени одлуката да оди во опозиција, откако на изборите во септември го оствари најлошиот резултат во својата историја. Лидерот Мартин Шулц сега вели дека е подготвен за разговори, откако пред десет дена пропаднаа преговорите помеѓу Меркел и нејзините посакувани партнери Зелените и Слободните демократи, поради што постоеше опасност да се оди на нови избори.

    „За промената на ставот на СДП ќе се дискутира на партиската конференција за две недели, што значи дека разговорите за формирање коалиција нема да почнат пред зимската пауза. Важно е тие да се базираат врз темелност“, изјави Клекнер.

    Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека ќе се сретне со лидерите на Зелените и на Левичарската партија, за да ги поттикне новите преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира