СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАЛА НОВА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА КОН ЈАПОНИЈА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЛАНСИРАЛА НОВА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА КОН ЈАПОНИЈАОва е прв балистички тест на Северна Кореја од септември и не е познато колку далеку летал проектилот (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја лансирала уште една балистичка ракета денеска во утринските часови по локално време, соопшти армијата на Јужна Кореја.

    И Пентагон потврди дека испитува „веројатно лансирање“, што се случило денеска.

    „Северна Кореја испука неидентификуван балистички проектил денеска наутро од Пјонгсонг, во правец кон истокот. Генералштабот на јужнокорејската војска, во соработка со САД, ги анализира деталите на ова лансирање“, изјави висок претставник на војската на Јужна Кореја.

    Само неколку минути по лансирањето, Јужна Кореја извела „прецизна вежба на гаѓање со проектили“.

    Не е познато колку далеку летал севернокорејскиот проектил, ниту дали ја прелетал Јапонија, како што беше случај претходно. Се верува дека проектилот паднал во Јапонско Море.

    Северна Кореја го изведе последниот балистички тест во септември, неколку дена по шестиот нуклеарен тест.

    „Претседателот Доналд Трамп беше информиран за лансирањето уште додека проектилот беше во воздух“, соопшти Белата куќа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира