СТАНАВМЕ НУКЛЕАРНА СИЛА, МОЖЕМЕ ДА ЈА ГАЃАМЕ ЦЕЛА АМЕРИКА, КАЖА СЕВЕРНА КОРЕЈА

    СТАНАВМЕ НУКЛЕАРНА СИЛА, МОЖЕМЕ ДА ЈА ГАЃАМЕ ЦЕЛА АМЕРИКА, КАЖА СЕВЕРНА КОРЕЈАРакетата што вчера ја лансирала Северна Кореја досегнала височина од 4.475 километри и летала 950 километри 53 минути (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја објави дека успешно тестирала интерконтинентален балистички проектил што може да ја погоди целата територија на САД.

    Државната телевизија соопшти дека Северна Кореја со ова ја постигнала целта да стане нуклеарна сила.

    Проектилот „Хвасонг-15“, што беше опишан како „најмоќен досега“, беше лансиран вчера во утринските часови, што беше потврдено и од Јужна Кореја и од Пентагон. Тој паднал во територијалните води на Јапонија, но летал највисоко од сите проектили што Северна Кореја досега ги има лансирано.

    Според државната агенција КЦНА, проектилот досегнал височина од 4.475 километри и летал 950 километри 53 минути, што е блиску до проценките на јужнокорејската војска. Тој, сепак, не летал преку Јапонија, како во некои претходни случаи и паднал 250 километри пред нејзиниот северен брег, потврдија и јапонски официјални лица.

    Поради најновите настани, денеска повторно ќе се состане Советот за безбедност на Обединети нации, додека Доналд Трамп изјави дека „ќе го реши овој проблем“.

    „Ова не го промени нашиот сериозен пристап што го имаме по ова прашање. Ќе ја решиме оваа ситуација“, кажа американскиот претседател, кој пред една недела повторно ја стави Северна Кореја на листата земји кои поддржуваат тероризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира