ПЕДЕСЕТИНА ДЕМОНСТРАНТИ НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ПЕДЕСЕТИНА ДЕМОНСТРАНТИ НА ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕИнтересот на демонстрантите не беше голем ама пратеникот Влатко Ѓорчев им порача на насобраните утре да дојдат во 18 часот пред Кривичниот суд во поголем број - (Фото: Ѓ. Личовски)

    ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира протест пред Министерството за правда. Протестот е за поддршка на притворените учесници во организираниот напад на Собранието на 27 април.

    На протестот има педесетина поддржувачи.

    Педесетината демонстранти сослушаа три говори и протестот заврши (Фото: Ѓ. Личовски)

    Прв говореше пратеникот Антонијо Милошоски кој апелираше до Обвинителството и Министерството за правда дека треба да не прават поделби помеѓу луѓето. Тој рече дека се приведувани недолжни граѓани.

    Протестот продолжи со уште двајца говорници.

    На крајот пратеникот Влатко Ѓорчев ги повика демонстрантите да дојдат утре во 18 часот пред Кривичниот суд во поголем број и им се заблагодари на присутните оти дошле на студено време.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира