НИГЕРИЈА САКА ДА РАЗВИВА ТУРИЗАМ ОД ТЕРОРИЗМОТ

    НИГЕРИЈА САКА ДА РАЗВИВА ТУРИЗАМ ОД ТЕРОРИЗМОТОсвен куќата на основачот на Боко Харам, во туристичка атракција би се претворила и шумата Самбиса, каде што беше базата на оваа терористичка организација (Фото: ЕПА)

    Нигерија планира да ја претвори родната куќа на својот најпознат терорист во музеј, во обид да го покрене туризмот во областа Борна.

    Во ова би била вклучена и шумата Самбиса, каде што се наоѓаше базата на терористичката организација Боко Харам, основана од Мохамед Јусуф.

    Ова наиде на жестоки критики во јавноста, која смета дека со тоа се величи ликот на Јусуф, чија организација е одговорна за смрт на 200.000 луѓе во последните осум години и сѐ уште врши напади.

    „Доволно е го погледнат полициското училиште, што беше уништено од групата. Власта не би требала да развива туризам од куќата на некој што убивал луѓе“, вели активистот за човекови права Ентони Аголахон.

    Јусуф го формираше Боко Харам во 2002 година, со цел да се спротивставува на западниот начин на образование. Неколку години подоцна, групата почна и со воени акции, во обид да формира исламска држава. Јусуф беше убиен во полициска акција во 2009 година, по што Боко Харам уште повеќе се радикализираше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира