ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, КАЖА ГРУЕВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „КУРИР“

    ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА, КАЖА ГРУЕВСКИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „КУРИР“Никола Груевски на протест пред Основниот суд Скопје 1 во вторникот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кажа дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата во денешното интервју за „Курир“. Груевски во интервјуто не прецизира кога ќе се случи тоа, но најави дека партијата ќе организира вонреден конгрес, на кој што ќе се избере претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе организира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Груевски.

    За датумот на вонредниот конгрес, тој рече дека за тоа ќе одлучат органите на партијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира