Со транспаренти „Долу маските“ и „Честито аболиција“ демонстрантите од Битола го чекаа градоначалникот Владимир Талески пред Центарот за култура каде вечерва започна 18. Фестивал на монодрама.
Протестантите му поготвуваа честитка за помилувањето на градоначалникот. Но, некој навреме го извести за ваквата герила, па Талески не влезе од главниот влез во Центарот за култура, туку тајно го внесоа од задниот.
Демонстрантите најавија дека ќе го чекаат на излегување од фестивалот да му ја упатат честитката.