Археолошкиот музеј нема водоводџија и електричар, кои би требало веднаш и интеревентно да санираат ако дојде до какви било проблеми, откако се излеа реката Вардар од малото корито, рече денес министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Министерот додаде оти бараат измени на актот на систематизација и побарале и интервенција од Службата за општи и заеднички работи, за да може да се контролира ситуацијата .
В.д директорт на музејот Горан Санев рече дека нема протекувања во изложбениот простор на Археолошкиот музеј, но имаат проблеми со атмосферската вода.
„Лоцирани се проблеми на надворешните споеви од зградата, на делот кај ј гаражите, кои се споени со самата зграда и тука протекува атамосферската вода . За жал и за несреќа, протекува точно врз електричната инсталација. Повеќепати сме се обиделе да најдеме решение за ова, и се надевам дека наскоро ќе дојдеме до тоа, за да спречиме евентулани поголеми штети“, кажа Санев.
Археолошкиот музеј, каде што се сместени и Државниот архив и Уставниот суд, беше пуштен во употреба во октомври, 2014 и чини 42 милиони евра.
Б. НЕСТОРОСКА