САМО ДВАЈЦА КАТАЛОНСКИ ЛИДЕРИ ОСТАНУВААТ ВО ЗАТВОР

    САМО ДВАЈЦА КАТАЛОНСКИ ЛИДЕРИ ОСТАНУВААТ ВО ЗАТВОРОсумтемина каталонски политичари беа во притвор од 2 ноември поради страв да не избегаат од Шпанија (Фото: Ројтерс)

    Шпанскиот суд донесе одлука за задржување во затвор на само двајца поранешни членови на каталонската влада, додека шестмина беа пуштени на слобода со кауција од по 100.000 евра.

    Во затвор остануваат и двајца водечки сепаратистички активисти.

    Осумтемина каталонски политичари се наоѓаа во притвор од 2 ноември поради страв да не избегаат од Шпанија, како што направи поранешниот претседател Карлес Пуигдемонт, кој сѐ уште е во Брисел.

    Судот во Мадрид нареди во затвор да останат сменетиот потпретседател Ориол Хункерас и министерот за внатрешни работи, Хоаким Форн, заедно со активистите Жорди Санчес и Жорди Куишар.

    Разрешените каталонски лидери се обвинети за побуна, што се смета за еден од најсериозните прекршоци во Шпанија, за кој може да се добие до 30 години затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира