Истополови двојки во Австрија ќе можат да склучат брак од 2019 година, објави денес австрискиот Уставен суд.
Засега, хомосексуалците можат да влезат во регистрирано партнерство, кое што ги нуди речиси сите права што ги уживаат двојките во брак.
Но, судот кажа дека разликата меѓу бракот и регистрираното партнерство не може да се прифати денес во ова време, а без притоа да се дискриминираат истополовите бракови.
Австрија беше меѓу малкуте земји од западна Европа, кои што не дозволуваа истополови бракови.