Битолчани отпечатија пари со ликот на градоначалникот Владимир Талевски. Група граѓани претпладнево направија нова герила акција и му ги фрлија банкнотите со негов лик за време на посетата на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Тој и градоначалникот на Битола беа да се сликаат на местото каде што се реновира патот Битола – Ресен- Буково.
„Еве му ги парите на градоначалникот“ , извикуваа неколку битолчани и врз Владимир Талески и министерот фрлија лажни книжни пари од 360 000 евра.
Талески им рече „Еве ги овие сношти што не ме најдоа , браво“.
Истата група и синоќа го чекаше Талески пред Центарот за култура во Битола каде се одржуваше Фестивалот за монодрама да му ја честитааат аболицијата. Но, градоначалникот не влезе од главниот туку од некој спореден влез. Синоќешната акција ја продолжија денес на патот Битола-Ресен.
Откако ги фрлија парите со ликот на Талески, застанаа позади него и министерот и додека тие ги даваа изјавите за медиумите држеа транспарент со текст „Честито аболиција“.