Триесетина граѓани на Скопје ги поддржаа активистите за заштита на животната средина од Југоисточниот регион и протестираа пред зградата на Владата, за да го искажат својот став дека се против изградбата на рудници.
На забелешката на новинарите дека на протестот има мал број на луѓе, организаторите изјавија дека се собрале за да дадат солидарна поддршка, а главниот протест се случува во Валандово.
Доколку власта не ја запре изградбата на рудниците, организаторите најавија поголема масовност.