НОРВЕШКА ЌЕ ГИ ДЕКРИМИНАЛИЗИРА СИТЕ ДРОГИ

    НОРВЕШКА ЌЕ ГИ ДЕКРИМИНАЛИЗИРА СИТЕ ДРОГИЦелта на промената на законите е државата да се фокусира на лекувањето, а не на казнувањето на зависниците (Фото: Индипендент)

    Норвешка донесе историска одлука да ги декриминализира сите дроги, со цел да се фокусира на лекувањето, а не на казнувањето на зависниците.

    Одлуката беше поддржана од сите партии во норвешкиот парламент, кој ѝ наложи на владата да ја реформира својата политика по ова прашање.

    „Важно е да се нагласи дека со оваа одлука ние не ги легализираме канабисот и другите дроги, туку ги декриминализираме. За оваа промена ќе треба некое време, затоа што се менува целата визија. Тие што имаат проблем со злоупотреба на дрога ќе треба да се лекуваат како болни, а не да се третираат како криминалци и да се казнуваат со класични казни, како затвор или парични санкции“, изјави потпретседателот на Комитетот на здравство во парламентот, Свеинунг Стенсланд.

    Николас Вилкинсон од Социјалистичката партија вели дека целта на парламентот е да се престане со казнувањето на луѓето кои имаат проблем со дрога.

    „На тие луѓе треба да им се помогне и да им се овозможи медицинска нега“, кажа тој.

    Пред Норвешка, во Европа ваков потег имаат направено и Холандија и Португалија, која по декриминализирањето може да се пофали со најмал број смртни случаи од дрога во Европската Унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира