КАНАДСКИ МИЛИЈАРДЕР И СОПРУГАТА НАЈДЕНИ МРТВИ ВО СОМНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ

    КАНАДСКИ МИЛИЈАРДЕР И СОПРУГАТА НАЈДЕНИ МРТВИ ВО СОМНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИБери Шерман беше еден од најбогатите луѓе во Канада и истакнат филантроп. - Шерман и сопругата Хани (Фото: Ројтерс)

    Канадски милијардер и неговата сопруга беа најдени мртви во нивниот дом во Торонто во околности кои што полицијата ги опиша како сомнителни.

    Телата на Бери Шерман и сопругата Хани беа најдени во визбата од агент за недвижности, според извештаите.

    Шерман беше основач и претседател на фармацевтскиот гигант „Апотекс“, кој што продава генерички лекови ширум светот. Тој беше еден од најбогатите луѓе во Канада и истакнат филантроп.

    Полицијата соопшти дека нема знаци за насилен влез на имотот, а локалните медиуми јавија дека истражителите засега не бараат осомничени. Детективот Брендон Прајс за канадската државна телевизија „Си-Би-Си“ изјави дека сè се обидуваат да утврдат дали станува збор за насилна смрт.

    Полицијата откри малку детали и не ги потврди идентитетите на починатите, но тие беа именувани за локалните медиуми од пријатели и функционери кои беа шокирани од веста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира