ТРАМП ИМ ЗАБРАНИ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА КОРИСТАТ ЗБОРОВИ И ФРАЗИ КАКО „ФЕТУС“, „ТРАНСРОДОВ“ И „БАЗИРАН НА ДОКАЗИ“

    ТРАМП ИМ ЗАБРАНИ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА КОРИСТАТ ЗБОРОВИ И ФРАЗИ КАКО „ФЕТУС“, „ТРАНСРОДОВ“ И „БАЗИРАН НА ДОКАЗИ“За некои од забранетите зборови, аналитичарите добиле алтернативни фрази.- Центарот за контрола и превенција на болести (Фото: ЕПА)

    Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп им забрани на функционерите од најважната јавна здравствена организација да користат седум зборови и фрази, вклучувајќи „фетус“ и „трансродов“, во официјалните документи што се подготовуваат за буџетот за следната година.

    На аналитичарите од Центарот за контрола и превенција на болести (Си-Ди-Си) во Атланта им било кажано за листата со забранети зборови фрази на состанок во четвртокот со функционерите од „Си-Ди-Си“ задолжени за буџетот, откри еден аналитичар, присутен на 90-минутниот состанок. Забранети се уште термините: „ранлив“, „право“, „различности“, „базирано на докази“ и „базирано на наука“.

    За некои од нив, аналитичарите добиле алтернативни фрази. Место „базирано на наука“ или „базирано на докази“, предложена фраза е „’Си-Ди-Си ги базира своите препораки на наука или земајќи ги предвид општоприфатените стандарди и желби“. Во другите случаи, не биле понудени заменски зборови.

    Портпаролот на Министерството за здравство, под чија надлежност е „Си-Ди-Си“, кажа дека ќе продолжат да ги користат најдобрите научни докази што ги имаат на располагање за да го подобрат здравјето на сите Американци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира