ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ ГРАДАТ ПРИФАТНИ ЦЕНТРИ ЗА КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВО СТРУМИЦА И ГЕВГЕЛИЈА

    ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ЌЕ ГРАДАТ ПРИФАТНИ ЦЕНТРИ ЗА КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВО СТРУМИЦА И ГЕВГЕЛИЈАДвата центри ќе бидат во Струмица и Гевгелија каде ќе се сместуваат кучињата од десетте општини од овој дел на државата; - кучиња скитници на струмичкиот плоштад (Фото: СДК.МК)

    Новите градоначалници од  Југоисточниот Регион се сложија идната година да изградат две прифатилишта за кучињата скитници. Двата центри ќе бидат  во Струмица и Гевгелија каде ќе се сместуваат кучињата од десетте општини од овој дел на државата. На седницата во Богданци, градоначалниците се сложија проблемот со кучињата скитници да биде прв на приоритетната листа за што ќе формираат и регионално јавно претпријатие за таа намена

    „Со средства од Бирото за регионален  развој но и од буџетите на сите десет општини ќе се изработува техничка документација по што ќе се градат двата прифатни центри. Целиот проект ќе чини околу 9 милиони денари. За таа цел ќе се потпише договор за меѓуопштинска соработка, а најверојатно ќе се оди на формирање на посебно регионално претпријатие кое ќе се занимава со заловување  на кучињата скитници, нивно транспортирање до центрите, а во соработка со ветиринарни амбуланти нивно вакцинирање, третман и чипирање ”, вели Жулиета Ѓуркова од Центарот за развој на југоисточниот плански регион кој е задолжен да ја тера целата постапка.

    Досега општините секоја посебно го решаваше овој проблем и за едно куче плаќаа и по 10 илјади денари за заловување, третман, вакцинација и чипирање, кои повторно се враќаа во самите локални самоуправи.

    Освен прифатни центри за кучињата скитници, градоначалниците од Југоистокот како приоритет ја ставија изградбата на патната  инфраструктура за туристичката зона Паљурци  кај Богданци, но и уредување на водопадите на Беласица од западната страна во реонот на Општина Валандово.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира