На свечената академија по повод патрониот ден на Штип – Свети Никола, главното општинско признание, Орденот „Св Никола“ му беше врачено постхумно на првиот претседател на Република Македонија Киро Глригоров.
Орденот од градоначалникот на Штип Благој Бочварски го прими ќерката на Киро Глигоров, Донка Глигорова која од сѐ срце се заблагодари на градот што се сетил едно вакво признание да додели на нејзиниот татко кој целиот свој живот го посветил за развојот на Штип и на Република Македонија.
„Македонија е сѐ што имаме – постојано велеше претседателот Глигоров“, рече Бочварски при доделувањето на признанието и забележа дека политичари и дипломати уште прикажуваат позитивни ефекти од работатаа на архитектот на Република Македонија.
Досегашни добитници на орденот се: владиците Стефан и Иларион, докторите Сашко Кедев, Илија Џонов, Методија Чепреганов и Жан Митрев и политичарите Срѓан Керим и Никола Груевски.
Т. ЈОВАНОВСКИ