БИТОЛСКИ СОВЕТНИК ИЗЛЕЗЕ СО БЕЗБОЛ ПАЛКА НА ГОВОРНИЦА

    БИТОЛСКИ СОВЕТНИК ИЗЛЕЗЕ СО БЕЗБОЛ ПАЛКА НА ГОВОРНИЦАНезависната група на советници „Поинаку“ пародично побара Општината да формира безбол клуб. - Советникот Иван Чулакоски (Фото: СДК.МК)

    Советникот Иван Чулакоски од независната група на советници „Поинаку“ на денешната седница на Совет во Битола, на говорницата излезе со безбол палка. Тој пародично побара Општината да формира безбол клуб.

    „По барање на битолчани има многу заинтересирани да се занимаваат со безбол во Битола и побаравме од Комисијата за спорт која предвидува буџет и средства за нови спортски активности и содржини во Битола да се формира и еден безбол клуб кој ќе функционира под надлежност на Општина Битола. Ние како ’Поинаку сме заинтересирани да донираме палки за сите заинтересирани граѓани“, рече Чулаковски.

    На ова возврати претседателот на Советот, Валентин Груевски велејќи дека Општината нема надлежност да формира спортски клубови, но може да ја поддржи нивната активност доколку таков клуб е оформен.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира