Жена од Пенсилванија се шокирала кога на интернет видела дека сметката за електрична енергија ѝ изнесува повеќе од 284 милијарди долари.
„Очите ми испаднаа од главата кога ја видов сумата“, изјави 58-годишната Мери Хоромански за еден локален весник.
Таа во прв момент се посомневала дека енормната сметка се должи на тоа што нејзиното семејство погрешно ги поставило украсите за Божиќ.
Како олеснување, таа не требало да ја плати целата сума до ноември наредната година, но затоа ратата за декември ѝ била 28.156 долари.
Кога синот на Хоромански ја исконтактирал компанијата „Пенелак“, нивниот снабдувач со електрична енергија, бргу била откриена грешката: една запирка била ставена на погрешно место.
„Никогаш не сум ни видел сметка од милијарда долари“, кажа портпаролот на „Пенелак“, Марк Дурбин.
Вистинската сметка, всушност, била 284,46 долари.