ЗАВРШИЈА ДВАТА АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАВРШИЈА ДВАТА АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ

    Со поздрваот „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ и најава за нов протест утре во исто време, заврши протестот во паркот „Жена-борец“ во Скопје, организиран од граѓанското здружение „Протестирам“.

    Шарените револуционери повторно ја бојадисаа Тирумфалната капија и испишаа „Слобода“ на фасадата.

    Во паркот „Жена – борец“ се пуштаа бомби на опозицијата и се сканидраше „Слобода, слобода“.

    По повод 9 мај, Ден на победа над фашизмот на демонстрантите им се обрати претставник на Сојузот на борци. „Да се поклониме пред милионите жртви на фашизмот, да бидеме будни и да не дозволиме уште еднаш да се случи она што се случи“, рече тој.

    Антивладините демонстранти организирани од „Протестирам“ застнаа во паркот „Жена – борец“ оти им беше ограничено движењето поради протестот организиран од Опозицискиот совет на Албанците кои беа пред Влада но и тие веќе си заминуваат. Тие протестираа за поддршка на СЈО, за поголеми права, почит и достоинство на албанското население во земјава и за запирање на политички монтираните случаи. Тие од Чаир со скандирање „Демократија“ и „Али предавник“ мирно стиганаа пред Влада каде што ги пренесоа уште еднаш пораките за запирање на „Државниот терор“ и се разотидоа.

    „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ беше мотото на денешните протести на антивладините демонстранти.

    Против фашистичките елемнти во владеењето на овој режим, како што вели граѓанското здружение „Протестирам“, денес се протестираше во Берово, првпат, во Скопје, во Кичево, во Штип, во Крива Паланка, во Велес, во
    Кавадарци, во Струмица, во Прилеп и во Битола.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира