Стотици фанови на германската интернационална фудбалска ѕвезда Лукас Подолски стоеја во ред за да ги пробаат неговите кебапи од новиот „Мангал донер“ – киоск што го отвори во саботата во Келн.
Околу 1.000 луѓе до попладнето веќе купиле од традиционалниот турски специјалитет, објави портпаролот на германскиот интернационалец.
Луѓето стоеле во ред за донер кебапите на Подолски пет часа пред официјалното отварање.
Подолски (32) позираше среќен пред раженот со месо со кое се полнат донерите и даваше автограми на купувачите.
Фудбалерот ќе ја води сендвичарата со донери со уште двајца партнери. Летоска, во јуни 2017, тој отвори и трафика за сладолед, исто така во Келн.
Подолски се вљубил во вкусот на турската кујна за време на неговиот ангажман во истанбулскиот клуб Галатасарај, каде што помина две години.