Жена се задуши во пожар што попладнево избувнал во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти Противпожарната бригада во Скопје.
Пожарот се случил во станбена зграда на улица Шидска број 12. Неофицијално жртвата е на 64-годишна возраст.
Противпожарната служба соопшти дека интервенирала со две возила и пет пожарникари.