ИЗДАВАЊЕТО ВИЗИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ПОКРАЈ ЗАТВОРАЊЕТО НА ВЛАДАТА, СООПШТИ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

    ИЗДАВАЊЕТО ВИЗИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ПОКРАЈ ЗАТВОРАЊЕТО НА ВЛАДАТА, СООПШТИ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕАмериканската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по затворањето на владата во Вашингтон. (Фото: принтскрин/Твитер)

    Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи, како и за итни случаи за американските граѓани, ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската влада.

    „Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да го обновуваме овој профил редовно, освен во итни случаи“, соопшти Амбасадата на САД на Твитер.

    Американската влада престана да работи на полноќ во петок по локално време откако демократите и републиканците не успеаја да се договорат за нејзиното финансирање. Ноќеска, сенаторите не го изгласаа законот да го продолжат финансирањето на владата до 16 февруари. За да помине законот беа потребни 60 гласа од вкупно 100, но само 50 го поддржаа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира