ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА ГИ УЧИ НА ЕТИКА СОБРАНИСКИТЕ СЛУЖБИ, ПРЕДАВАЧ И ПИТЕР ВАНХАУТЕ

    ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА ГИ УЧИ НА ЕТИКА СОБРАНИСКИТЕ СЛУЖБИ, ПРЕДАВАЧ И ПИТЕР ВАНХАУТЕДенеска холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој присуствува на предавањата и дискусиите, на Твитер објави информација и фотографии од настанот

    Дваесетина службеници од сите сектори во Собранието, втор ден во просториите на Парламентарниот институт учат професионално и етичко постапување во службата. За јакнењето на професионалниот интегритет собраниските стручни служби учат од предавачи и експерти од Холандија, Белгија, Хрватска и други замји на ЕУ.

    „Предавањата се преинтересни. Посебно тоа денеска на белгискиот експерт Питер Ванхауте, или познат во нашата јавност како ‘олеснувачот на преговори’, кој одлично ги познава политичките состојби кај нас и функционирањето на институциите. Ова е втор семинар поддржан од Холандската амбасада, кој е интерен и трае 3 дена, заклучно со утрешниот“, ни изјавија официјално собраниските стручни служби.

    Денеска холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, кој присуствува на предавањата и дискусиите, на Твитер објави информација и фотографии од настанот.

    Проектот за јакнење на капацитетот на службите на Собранието е поддржан од Холандската амбасада и од Центарот за безбедносни европски студии од Холандија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира