НАСКОРО ЌЕ ИМА ЛИДЕРСКА СРЕДБА СО ИВАНОВ ЗА ИМЕТО, ПОТВРДИ ВЛАДИНИОТ ПОРТПАРОЛ БОШЊАКОВСКИ

    НАСКОРО ЌЕ ИМА ЛИДЕРСКА СРЕДБА СО ИВАНОВ ЗА ИМЕТО, ПОТВРДИ ВЛАДИНИОТ ПОРТПАРОЛ БОШЊАКОВСКИЗа средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, Бошњаковски кажа дека претставува исчекор напред кон решение.Портпаролот Миле Бошњаковски (Фото: СДК.МК)

    Предлозите на посредникот на ОН Метју Нимиц за решение на спорот со името ќе бидат тема на средбата на лидерите на политичките партии со претседателот Ѓорге Иванов, која што ја организираат кабинетот на министерот за надворешни работи Никола Димитров и кабинетот на претседателот, кажа владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата.

    „Владата го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот Метју Нимиц. Очекуваме да изградиме широк национален консензус. Кабинетот на министерот за надворешни работи е во координација со кабинетот на претседателот Иванов за организација на средба на која што ќе бидат повеќе политички субјекти, на која ќе се разговара за рамката“, изјави Бошњаковски.

    Најавата за лидерска средба доаѓа пред денешната средба на премиерот Зоран Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум. За средбата на двајцата премиери, Бошњаковски кажа дека претставува исчекор напред кон решение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира