ТРАМП ПОДГОТВЕН ДА СВЕДОЧИ ПОД ЗАКЛЕТВА ВО ИСТРАГАТА ЗА РУСКОТО МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ

    ТРАМП ПОДГОТВЕН ДА СВЕДОЧИ ПОД ЗАКЛЕТВА ВО ИСТРАГАТА ЗА РУСКОТО МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕСведочењето би можело да се случи во наредните две-три недели. - Роберт Милер и Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Доналд Трамп за првпат изјави дека е подготвен да сведочи под заклетва во рамките на истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателската кампања во 2016 година.

    „Едвај чекам да сведочам“, кажа Трамп.

    Истражителите испитуваат дали кампањата на Трамп имала контакти со Русија, со цел да се влијае врз исходот на изборите, што Трамп и Русија цело време го демантираат. Тие, исто така, се обидуваат да утврдат дали Трамп ја попречувал истрагата.

    Трамп досега кажуваше дека не верува дека ќе сведочи, бидејќи мешањето не се случило, нарекувајќи ја истрагата „лов на вештерки“ и „измама“.

    Сега, зборувајќи во Белата куќа, тој изјави дека е апсолутно подготвен да биде испрашуван под заклетва од главните истражители.

    „Немаше никакво мешање, немаше никакво попречување на истрагата“, кажа Трамп.

    Неговите адвокати разговарале со истражителскиот тим, предводен од специјалниот советник на Министерството за правда, Роберт Милер, за евентуалното испрашување и како би се одвивало. Тоа би можело да биде во форма на директно испрашување, писмено или како комбинација на двете.

    Трамп кажа дека тоа би можело да се случи во наредните две-три недели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира